Friday, March 9, 2007

Test treta godina 3

ПРАШАЊА ПО ХЕМИЈА ЗА III ГОДИНА (трет класификационен период)

Тест 3

Тема: Вовед во неорганска хемија (s1, s2 и p1 елементи)

Колку елементи содржи третата периода:
а) 2
б) 8
в) 18
г) 32
д) многу (недовршена периода)

Во 18-та група на периодниот систем се наоѓаат:
а) благородните гасови
б) неметалите
в) семиметалите
г) алкалните метали
д) земноалкални метали

Дали водородот е:
а) p1 елемент
б) d1 елемент
в) f1 елемент
г) s1 елемент
д) s2 елемент

Атомскиот радиус на елементите по периоди:
а) расте
б) останува ист
в) зависи од периодата
г) зависи од групата
д) се намалува

При реакција на CaH2 и 2H2O се добива:
а) CaO и H2O
б) CaH2 и O2
в) Ca(OH)2 и 2H2
г) Ca(OH)2 и H2
д) Ca и H2O

Воден гас е смеса од:
а) CO2 и H2O
б) CO и H2
в) C и H2O
г) CO и H2O
д) CO2 и O2



Што ќе се издвои на катодата, а што на анодата, при електролиза на вода:
а) K: O2 A: H2
б) K: O A: H
в) K: OH A: H
г) K: OH A: O
д) K: H2 A: O2

Со редукција на CaCl2 и 2Na ќе се добие:
а) Ca и 2NaCl
б) CaCl и NaCl
в) Ca и Cl2
г) Ca и Na
д) CaCl и Cl2

Максималниот оксидационен број на елементите од 13-та група е:
а) -3
б) +1
в) +2
г) +3
д) -2

Елементите од 1-та група на периодниот систем се нарекуваат:
а) алкални метали
б) земноалкални метали
в) алкални неметали
г) благородни гасови
д) семиметали

No comments: